Промената во исхраната може да го зачини вашиот сексуален живот, пренесува The Sun. Одредени намирници може позитивно да влијаат на вашиот сексуален живот, а експертот Линзи Хоуп објаснува како.
Целер – ја зголемува сексуалната привлечност
Можеби не звучи како највозбудливата храна што ќе го подобри вашиот сексуален живот, но многубројни студии откриле дека јадењето целер може всушност да го зголеми нивото на феромонот во потта на мажите, што влијае на привлечноста. Исто така, тој е полн со витамин Ц, калиум, фолна киселина, растителни влакна и калциум.
Бадем – ви помага да се опуштите
Бадемите се богати со магнезиум, хранливи материи што можат да помогнат да се опуштите. Друга храна што може да помогне е зелен лиснат зеленчук, ореви и семки од тиква.
Храна со малку јаглехидрати – за подобар оргазам
Клиниката Мајо во Америка открила дека високото ниво на естроген може целосно да ја намали желбата за секс кај мажите и да ги намали оргазмите кај жените. Кога маснотиите се градат околу абдоменот, нивото на естроген се зголемува. Затоа, треба да се намали внесот на јаглени хидрати и да го зголемите внесот на протеини, а тоа ќе помогне и во слабеењето.
Чоколадо – го намалува стресот пред сексот
Стресот влијае на либидото со покачување на нивото на кортизол во организмот. Зголемените нивоа на кортизол ги стеснуваат артериите и го ограничуваат протокот на крв во телото. Избор на храна со анти-стресни својства е одличен начин за зајакнување на вашиот сексуален живот, а чоколадото е одлично. Тоа му помага на телото да испушти фенилетиламин и серотонин. Тие помагаат да се подигне расположението, но исто така да се зајакне циркулацијата, донесувајќи крв и во периферните области. Ова го намалува ризикот од проблеми со ерекција.
Лубеница – ја зголемува издржливоста
Витаминот Б, особено Б12, е многу важен ако сакате да уживате повеќе. Според некои истражувања, дури 40 проценти од луѓето на возраст меѓу 27 и 83 години имаат ниско ниво на Б витамини. Ако ви недостасува Б12, веројатно ќе се чувствувате уморни или исцрпени. Ако се чувствувате така, веројатно нема да сакате секс. Лубеницата е одличен извор на витамин Б12. Исто така, содржи ликопен, кој има антиинфламаторно дејство. Ова ќе помогне во олеснување на болката и ќе бидете во подобро расположение.
