Јас го знам како „сатараш“ така ми е пренесено, но можеби ова јадење има и други имиња…
СОСТОЈКИ:
1-2 модри патлиџани
6-7 пиперки
2 кромид
3-4 домати
50 грама магдонос
5-6 лук
400 грама домашни колбаси
Масло, сол, бибер
100 мл сос од домати
Подготовка: Пиперките и модрите патлиџани исчистете ги, наредете ги на коцки или на ленти (отстранете ги и семето). Толчете го магдоносот и лукот заедно, додајте сол и бибер. Пржете ги колбасите и ставете ги настрана. Во подлабока тава, наредете паста домати и кромид, потоа модар патлиџан, на ред се пиперките, па колбасите, и на крај магдонос и лукот, па повторете го аранжманот додека не го искористите материјалот. Изматете го со 100 мл сос од домати и да целата смеса да крчка во шпоретот 10 минути.
