Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

ОТКРИЕНА Е ТРАДИЦИОНАЛНАТА КИНЕСКА ТАЈНА: Го подобрува здравјето и имунитетот!

Во денешно време, дури и повеќе од порано е потребно да го зајакнеме имунитетот за да останеме здрави.

Reishi или Ganoderma lucidum е една од најпознатите лековити печурки во светот. Во традиционалната кинеска медицина, Реиши се смета за еден од најпознатите тоници за здравје, виталност и долговечност, а заради таквиот ефект, во минатото се користела само од императори и луѓе од високи социјални слоеви.

Реиши се користела пред илјадници години во медицински цели за да се зголеми виталноста, да се намали стресот, вознемиреноста и депресијата, да се подобри спиењето, но денес најмногу се користи за зајакнување на имунитетот, намалување на растот на туморот, хроничен замор и исцрпеност.

Биоактивниот ефект на оваа габа се должи на присуството на полисахариди, диетални влакна, олигосахариди, тритрепеноиди, пептиди и протеини, феноли и минерали (цинк, бакар, јод, селен и железо), витамини и аминокиселини.

Денес, имуномодулаторното дејство на печурката Реиши е поддржано од бројни студии. Се покажа дека миелиумот Reishi има можност да го зајакне имунитетот со тоа што делува на клетките на имунолошкиот систем и го стимулира нивното дејство.

Реиши успешно го стимулира дејството на белите крвни клетки, особено лимфоцитите и нивните НК-клетки, кои се неопходни за уништување на клетките на ракот во организмот.

Мицелиумот Reishi има можност да воспостави рамнотежа помеѓу клеточниот и хуморалниот имунитет, што е неопходно за да се запре растот на туморите.

Имајќи предвид дека полисахаридите, бета-глуканите и другите габични метаболити го стимулираат имунолошкиот систем и го спречуваат растот на туморот, мицелиумот Reishi исто така се препорачува како додаток на конвенционалната онколошка терапија.

Бета-глуканите на Реиши, група на најдобро проучени полисахариди, се моќни имуномодулатори кои исто така служат како пробиотици за здрава цревна флора.

Употребата на Reishi не само што го зајакнува имунитетот, туку го намалува и воспалението и оксидативниот стрес во организмот, така што Reishi се користи и за подобрување на општата здравствена состојба, што обезбедува долговечност и виталност.

Светот во кој живееме денес е преплавен со болести и инфекции, а сега, покрај сè, постои епидемија.

Затоа, неопходно е да се почитуваат мерките за одржување на лична хигиена и оддалеченост едни од други, да се јадеме колку што можеме здраво, да вежбаме и секако да се збогати диетата со додатоци кои го зајакнуваат имунитетот, токму како печурката Реиши.

Прочитај

Wall Street

Во време кога спортот сè повеќе се препознава како моќна алатка за позитивна општествена трансформација, со значајно влијание врз младите генерации, се појавува потреба...

____celebrity

Никол Кидман и Кит Урбан имале сериозни брачни тешкотии, но би се помириле доколку тој им го предложи тоа, тврди извор близок до актерката....

Green Tea

На многумина им е тешко да одолеат кога станува збор за консумирање шеќер, но овие знаци треба да бидат аларм за да престанете Прекумерното...

Green Tea

Црниот дроб е најголемиот внатрешен орган во нашето тело и игра клучна улога во одржувањето на здравјето. Тој извршува стотици важни функции, од филтрирање...

Advertisement