Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ ДЕКА ТАГАТА ВЛИЈАЕ НА БЕЛИТЕ ДРОБОВИ, А РАДОСТА НА СРЦЕТО? еве како емоциите се поврзани со нашите органи

Одамна се зборува дека емоциите и болестите се поврзани. Емоциите со нивните специфични вибрации влијаат врз одредени органи, така што гневот предизвикува заболувања на црниот дроб и очите, додека тагата предизвикува заболувања на белите дробови.

Поради овие причини, ниту една емоција не треба да се „турка под килимот“ и да се игнорира.

Секој од нас има денови кога сме потажни, посреќни, позагрижени. И тоа е нормално и здраво. Секоја емоција треба да се доживее. Меѓутоа, ако емоцијата трае долго време или има силен интензитет, може сериозно да го оштети здравјето на одредени органи и да ја отвори вратата за болести.

Како да постигнете рамнотежа?

Античките Кинези верувале дека здравјето значи рамнотежа на човечкото физичко, емоционално, енергично и ментално тело. Ова значи дека за да бидеме здрави, не е доволно само да јадеме здраво, туку мора да се грижиме и за тоа како се однесуваме, како дишеме, спиеме, како мислиме!

Емоциите се најсигурен показател за она што навистина се случува во животот на една личност. Штом се појави нерамнотежа во работата на органите, тоа е знак дека нашите емоции почнале да делуваат на здравјето, поточно на органот со кој се поврзани.

Еве како се поврзани емоциите и органите:

Радост – срце

Емоцијата на радост е поврзана со срцето. Многумина ќе се прашуваат како е можно дека радоста може да му наштети на некој орган, кога сите сакаат да бидат среќни. Одговорот лежи во нерамнотежа што може да произлезе од премногу возбуда или ненадејната добра вест што може да биде шок за системот.

Изворите на стрес можат да бидат и позитивни и негативни!

На пример, губењето работа е значаен извор на стрес, но стресот може да предизвика и унапредување на работа, брак или раѓање на дете, иако сите овие се среќни настани.

Лутина – црн дроб

Како што рековме, прекумерната или неизразена лутина влијае на црниот дроб. Бидејќи гневот по својата природа предизвикува движење на енергија нагоре, може да доведе до црвено лице и очи, потење на главата, зголемен притисок, чешање на кожата.

Нерамнотежата на црниот дроб исто така може да доведе до болка под ребрата, потребата од повеќе воздух, а особено кај жените, присутен е симптомот на „кнедли во грлото“.

Тага – белите дробови

Ако сте тажни подолго време и ако тоа чувство е многу интензивно, може да бидете уморни, плачење, депресија и да ви снемува здив. Тагата е поврзана со белите дробови и затоа често воздивнуваме кога сме тажни.

Кога сме тажни воздивнуваме.

Страв – бубрези

Емоцијата на страв е поврзана со бубрезите. Ако некое лице е загрижено долго време, презаситено и парализирано од стравови и неизвесност, може значително да влијае на бубрезите.

Грижа – слезината

Нашата сегашност е таква што во најголем дел сите се грижиме за некого или за нешто. Оваа емоција ја испразнува енергијата на слезината, што може да биде причина за дигестивни нарушувања и на крајот да доведе до хроничен замор.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement