Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Зошто општеството ги осудува паровите меѓу кои има голема разлика во години?

Големата возрасна разлика помеѓу партнерите е тема што отсекогаш предизвикувала поделени мислења на луѓето. И додека некои сметаат дека јазот во генерацијата не е пречка за љубовта, други мислат дека честопати има корист зад овој вид на односи, особено во професионален амбиент.

Неодамна, американскиот актер Зак Браф (45) и неговата колешка Флоренс Пју (24), меѓу кои има разлика од 21 година, се соочија со бројни критики, бидејќи открија дека се во врска.

Младата филмска ѕвезда Флоренс постојано ја бранеше нивната љубов, но доживеа вистинско разочарување кога јавно објави роденденска карта за своето 45-годишно момче во април.

  • „На Инстаграм објавив фотографија по повод роденденот на Зах, и напишав честитка под неа. За неколку минути се појавија огромен број грозни коментари – моите следбеници буквално ме навредуваа и малтретираа на мојата страница. Потоа, за прв пат во мојот живот, морав да ја откажам опцијата за пишување коментари“ – рече актерката.

Причината е нејзиниот избор да биде со постар човек, односно нивната возрасна разлика …

  • „Имам 24 години. Не ми треба некој да ми каже кого можам и кого не можам да сакам. Никој нема право да ми го каже тоа“ – додаде Флоренс.

Постои разлика од 15 години и помеѓу поранешната двојка Деми Мур и Ештон Качер, поради што луѓето постојано ги осудуваа.

  • „Луѓето се жалеа на мојата врска со Ештон. Како никогаш порано да не било видело. Возраста не е она за што размислував, но се чини дека беше важна за остатокот од светот“ – рече холивудската актерка во интервјуто во 2008 година.

Играта на моќ може да постои во сите видови на односи

Ако кој било вид на експлоатација е главниот проблем во однос на две лица меѓу кои постои голема возрасна разлика, тогаш важно е да се запамети дека игра на моќ може да постои во сите видови на односи.

Возраста може да биде пресуден фактор во експлоатацијата, злоупотребата и нерамнотежата на моќта, но тоа не секогаш значи дека тоа е случај. Затоа, наведувањето на врската како нездрава само затоа што постои старосен јаз меѓу партнерите, изгледа прилично неправедно и бескорисно.

Мисогинијата е често скриена зад отворањето на оваа тема …

Една студија од 2008 година открила дека жените кои се постари од својот партнер се соочуваат со „значително посилно спротивставување“ од луѓето околу нив, во споредба со мажите кои се постари од нивните девојки.

Исто така, не заборавајте друга форма на мизогинија која е многу изразена во нашето општество – кога жените кои се поврзани со повозрасните мажи се нарекуваат „трофеи“ или оние што се поврзани со помлади мажи се „кугарки“,

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement