Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Нов светски рекорд во брзина на интернет го „оддува“ 5G

Истражувачите од Универзитетскиот колеџ во Лондон (UCL) поставија нов светски рекорд во брзината на сигналот на Интернет, што е – 178 терабајти во секунда, или 178,000 Gbps.

На јазикот на „обичните“ корисници на Интернет, тоа значи дека, со оваа брзина на поврзување, ќе биде можно да се преземе филм од мрежата за помалку од една секунда. Остварената брзина е „двојно поголема од капацитетот на кој било систем што се користи во светот“, тврди UCL.

Научниците користеле поголем опсег на бранови должини отколку што е стандардно користено во оптички кабли за да се постигнат екстремно високи стапки на проток, како и разни технологии за засилување на сигналот, пишува Гизмодо.

Оптичките кабли имаат тенденција да апсорбираат сигнали. Односно, фотоните што се пренесуваат преку кабелот и со тоа создаваат сигнал, по неколку километри „ослабуваат“ поради видот на материјалот од кој се прават каблите.

Затоа, таканаречените „повторувачи“, уреди слични на засилувачите на сигналот Wi-Fi, беа користени така што сигналот може да се пренесе на повеќе растојанија. Значи, тука, експертите успеаја да го „прошират“ и значително да го засилат сигналот.

Денешната инфраструктура користи ограничен опсег на фреквенција од 4.5THz. 5G работи во таканаречениот “милиметарски бран спектар” на 24GHz и е во состојба да пренесува податоци со брзина од 1 до 3 Gbps.

Во однос на тоа, тимот од UCL успеа да постигне фреквентен опсег од 16,8THz и брзина од 178,000Gbps, што се бројки според кои 5G изгледа бавно.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement