Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Пландемија 2: Социјалните мрежи го блокираат контроверзното видео

Месеци по почетокот на пандемијата на коронавирус во светот, социјалните мрежи сè уште не можат да се справат со бранот на дезинформации.

Во мај, видео под наслов „Пландемија“ ги преплави Фејсбук, ЈуТјуб и Твитер, и покрај фактот дека содржи лажни информации поврзани со различни теории на заговор, главно оние што се однесуваат на Бил Гејтс и Ентони Фаучи.

Тоа видео наскоро исчезна, но сега се појави продолжение – вториот дел од „Пландемија“, во кој продолжува приказната од оригиналот. Овој пат, сепак, Твитер и Фејсбук реагираа побрзо отколку порано.

Така, платформата на Фејсбук веднаш го блокираше споделувањето на линкот што води кон „Пландемија 2“, а Твитер ги предупреди корисниците дека станува збор за „потенцијално штетна или небезбедна“ веб-страница, која веројатно содржи измамничка содржина. YouTube ги презема сите копии од видеото, додека TikTok ја блокираше потрагата по самиот термин.

За љубопитните – во видеото „Пландемија 2“ продолжува приказната за тоа како вакцините се штетни од различни причини и други теории на заговор, а не се појавува претерано „главниот лик“ од првиот дел, дискредитираниот научник Џуди Миковиќ.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement