Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Ако барате нешто доволно долго, тоа ќе ја изгуби смислата: 20 инспиративни цитати на Енди Ворхол!

Тој бил сестрана личност, сликар, скулптор, снимател, писател и колекционер. Но, пред сè, Енди Ворхол беше пионер на поп-арт-движењето, еден од најпознатите уметници на 20 век, а неговите најзначајни дела беа Мерилин Монро, Елвис Присли, лименки од Кока Кола и лименки од Кембел.

Енди Ворхол е роден на 6 август 1928 година во Питсбург, Пенсилванија и починал на 22 февруари 1987 година во Њујорк, по компликации за време на операција на жолчното кесе.

Се сеќаваме на некои од неговите најпознати и влијателни изреки:

  1. “Луѓето треба да се заљубуваат со затворени очи. Само затворете ги очите и почувствувајте ја магијата”.
  2. „Целта не е да живееме засекогаш, туку да создадеме нешто што ќе живее засекогаш“.
  3. „Уметникот е некој што создава дела кои на луѓето не им се потребни, но, поради некоја причина, смета дека би било добро да им ги подариме“.
  4. „Сексот е најголемо ништо од сите времиња“.
  5. „Во иднина, сите ќе бидат познати на петнаесет минути“.
  6. „Верувам во слабо светло и огледала што предизвикуваат илузии“.
  7. „Никогаш не читам, гледам само слики“.
  8. „Јас сум длабоко површна личност“.
  9. „Најубавата работа во Фиренца е Мекдоналдс“.
  10. „Ако барате нешто доволно долго, тоа ќе го изгуби своето значење“.
  11. „Ми се допаѓаат досадни работи“.
  12. „Да се заработат пари е уметност, а работата е уметност, а добра работа е најдобра уметност“.
  13. „Најголемото нешто што луѓето можат да побараат е да се разбудат и да станат од кревет“.
  14. „Зарем животот не е само серија слики што се менуваат додека се повторуваат?“.
  15. „Сексуалната апстиненција е како дрво со длабоки корени, кое носи добар плод“.
  16. „Одлучив да тргувам со навистина валкани работи, кои ќе бидат успешни на голем валкан пазар“.
  17. „Не верувам во смрт, затоа што никој не знае што навистина се случува“.
  18. „Еден ден ќе се разбудите, а следниот ќе бидете“.
  19. „Имам социјален статус и треба да излегувам секоја вечер“.
  20. “Ако сакате да знаете сè за Енди Ворхол, погледнете ги моите слики и филмови. Ова сум јас, ништо друго не постои.”

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement