Националната метеоролошка служба на САД деновиве забележа температура од 54,4 Целзиусови степени во националниот парк Долина на Смрта, во Калифорнија.
Колку што е познато, ова е највисоката температура досега регистрирана на Земјата, барем откако се направени официјални мерења на нашата планета.
NWS наведува дека температурата е резултат на голем топлотен бран што го зафати западниот брег на САД и предизвика дводневни прекини на електрична енергија, како резултат на зголемената потрошувачка на електрична енергија за клима уредите, што доведува до прекини во електраната.
Посетителите на Долината на смртта, кои престојувале во близина на мерното место во моментот на топлотниот бран, рекле дека се чувствуваат како некој да ги застрелал во лице со силнен фен за коса додека оделе надвор.
Ова го собори рекордот за највисока температура на Земјата во 2013 година, кога 54 степени Целзиусови се забележани и во Долината на смртта.
Научниците велат дека има записи за температура од 55C во Тунис од 1931 година, но тие, како и другите снимени во колонијални времиња во Африка, немаат „сериозен кредибилитет“, што значи дека се несигурни затоа што не се мерат според денешните научни методи и термометри.
Американските центри за контрола и спречување на болести (ЦДЦ) соопштија дека топлотните бранови убиле повеќе луѓе во просек од кој било друг екстремен временски настан во САД, а екстремната топлина, покрај здравите луѓе, создава уште поопасни последици за луѓето со респираторни проблеми, срцеви заболувања и бубрежни заболувања.
Се надеваме дека нема да го поминете вашиот одмор во Долината на смртта.
