Ако неодамна на социјалните мрежи наидовте на оваа или на некои други слични фотографии, веруваме дека ви требаа неколку моменти да разберете што не е во ред со она што го гледате.
На првата слика, сè изгледа нормално.
И кога ќе го завртите мобилниот телефон е сосема друга приказна, а?
И наместо фотографијата да биде како што очекувавте, вие всушност добивате вакво нешто:
Она што го гледате е илузија наречена Тачер ефект.
Тој постои веќе 40 години, а го добил името според Маргарт Тачер, бароница и премиер, за која се сметала, според урбаната легенда, дека вакво нешто е можно само на нејзиното лице, според веб-страницата Independ.co.uk.
Оптичката илузија им покажа на научниците како мозокот ја „процесира“ фотографијата.
Ефектот се рефлектира во ротираните очи, како и во устата.
Мозокот генерално не е во состојба во прво време да види што не е во ред со сликата, сè додека не ја превртите.
Ефектот на Тачер за прв пат беше претставен уште во 1980 година. И тогаш тоа беше големо изненадување за сите оние научници кои ги проучувале мозочните функции. Ова покажа дека човечкиот мозок не делумно ги перцепира елементите на фотографијата.
Фотографијата е објавена во универзитетскиот весник во Њујорк од професорот по психологија Питер Томсон и беше претставена како „Маргарет Тачер: нова илузија во перцепцијата“.

Premier Thatcher .*19 september 1983
Ефектот на Тачер се покажа како многу корисен кога станува збор за истражувања што се однесуваат на човековото препознавање на лицето, според Википедија.
Дури и по 40 години, сè уште се истражува, но се применува и во различни сфери на науката.
Сепак, од друга страна, забавната страна не треба да се занемарува.
На tutchechereffect.com, тие дури ви овозможуваат да го испробате ефектот врз себе или на фотографии од познати личности.
Некои примери навистина нè изненадија и веруваме дека и вие ќе останете без здив!

