Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Дали сакате да влезете во оваа земја? Прво, платете депозит од 3,200 американски долари во случај да се заразите со коронавирус

Кралството Камбоџа донесе нови правила за меѓународните патници, за да спречат голема посетеност поради пандемијата коронавирус, и да ги заштитат своите граѓани, но и сите посетители, од ширењето на болеста.

Пред да влезете во оваа земја во Југоисточна Азија, мора да платите депозит од 3.200 американски долари односно 166,000 денари за какви било можни трошоци што може да настанат во случај на инфекција со коронавирус.

Пред да влезете во земјава, ќе бидете тестирани и ќе треба да издвоите 165 долари за тоа, или околу 8,600 денари. Во цената се вклучени три оброци и хотелска соба каде ќе бидете сместени додека ги чекате резултатите.

Доколку се утврди дека имате вирус, преостанатите пари ќе бидат потрошени за сместување, храна и лекување.

Министерството за здравство на Камбоџа отиде дотаму што ќе пресмета колку би чинело погреб во случај на смрт. Тие проценуваат дека 82,000 денари се доволни за отстранување во случај на најлошото сценарио. Тој дел од исплатената сума ќе биде потрошен на кремирање доколку е потребно.

Од друга страна, ако сте негативни – тие ќе ви ги вратат преостанатите пари по напуштањето на земјата.

Според достапната статистика, Камбоџа имала само 273 потврдени случаи, а ниту еден немал фатален исход. Тоа беше нивната желба да ги спречат црните статистики што ги доведе до овој неверојатен туристички потег за којшто целиот свет сега зборува.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement