Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

КЕТО ДЕСЕРТ #3 : СЛАДОЛЕД ОД АВОКАДО

Штом веќе температурите се вратија во летна нормала, време е за нешто вкусно, студено и лесно подготливо. Па така, денес се одлучив да го споделам мојот омилен рецепт за сладолед. Согласно рецептот, вкупен број на сладоледи што можете да ги направите е 10, а нутритивните вредности се следниве: 

  • Вкупно калории: 120
  • Масти: 12 грама
  • Јаглени хидрати: 3 грама
  • Протеини: 1 грам  

Состојките што ви се потребни за овој рецепт се следниве:

  • Авокадо:  3 убаво созреани
  • Сок од лимета:  10 СЛ (супени лажици)
  • Стевиа:  3 СЛ
  • Кокосово млеко:  175 мл
  • Кокосово масло:  1 СЛ
  • Темно чоколадо, незасладено:  128 грама

Подготовката е едноставна и готова за неколку минути:

  1. Во блендер ставете го авокадото, заедно со сокот од лимета, кокосовото млеко и стевиата. Бледнирајте сѐ додека не добиете кохерентна и течна смеса. 
  2. Смесата истурете ја во калапи за сладолед.
  3. Калапите ставете ги во замрзнувач најмалку 6 часа.
  4. Во сад со средна големина, ставете го чоколадото и кокосовото масло.
  5. Ставете го садот во микробранова сѐ додека смесата не се соедини, а потоа оставете ја смесата да се излади на собна температура.
  6. Мацнете го претходно замрзнатиот сладолед во садот со чоколадо, и уживајте во најосвежувачкиот вкус.

Прочитај

Green Tea

Мачките се дел од многу народни обичаи и верувања со векови. Многумина верувале дека нивното однесување може да ги предвиди идните настани, а еден...

____celebrity

Џеј Ло уште еднаш ги покажа своите беспрекорни модни избори. Откако присуствуваше на „свадбата на годината“ на Тејлор Свифт и Тревис Келс во петокот,...

____celebrity

Канадската поп-ѕвезда Џастин Бибер ќе биде еден од изведувачите на полувремето од финалето на Светското првенство во фудбал, приклучувајќи се кон поставата во која...

Green Tea

Верувале или не, во Јапонија, луѓето се оценуваат и врз основа на нивната крвна група, бидејќи веруваат дека таа го одредува нивниот темперамент и...

Advertisement