Италијанската актерка Франка Валери, позната комичарка, легенда на италијанската глума, починала пред два дена на 100-годишна возраст во нејзиниот дом во Рим.
– Таа почина во сон, девет дена откако го прослави својот сто роденден – нејзината ќерка, оперската пејачка Стефанија Бонфадели, даде изјава за „Кориере дела Сера“.
Во годините по војната, таа била меѓу првите жени што глумела во комедии. Италијанците ја обожаваа особено во периодот меѓу 50-тите и 70-тите години на минатиот век, кога таа играше улоги прво на радио, а потоа и на телевизија и во филмови, јавуваат италијанските медиуми.
Archivio Cioni Spinelli /LaPresse / Lapresse Anni ’70 Retrospettiva Franca Valeri
