Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Како Се Служи Кафето низ Светот

Патувањата ни ја откриваат повеќедимензионалноста на спознанието. Сигурни сме дека освен задолжителните прошетки по музеите, познатите улици и, се разбира, шопингот, успевате да најдете време и за малку кофеин. Со оглед на тоа што сега патувањата ни се помалку забранети, решивме да ви отвориме нови перспективи за тоа како се служи кафето на различни локации во светот. Според нас, ова се специјалитетите од кафе кои мора да ги пробате, штом границите се отворат, а вие се наоѓате на една од следниве дестинации. 

Вистински десерт: Виетнамско кафе со јајце

Виетнамското кафе со јајца е уникатен пијалок, кој останува верен на своето име. Подготвено со жолчка од јајце, кондензирано млеко, шеќер и топло кафе, локалното население го сака богатиот и интензивен вкус кој е совршен завршеток на оброкот. Ако мислевте дека овој специјален десерт е “дозволен” само оние денови кога сте решени да го прекршите здравиот начин на исхрана, се лажете, зашто богатата комбинација на кондензирано млеко и жолчка од јајце создава огромна доза протеини, кои му се потребни на вашиот организам.

Практично и вкусно: Јапонско кафе од конзерва

Кафето од конзерва е многу популарен тренд во Јапонија, достапен во сите супермаркети. Јапонската усовршена технологија ветува дека кафето од конзерва не губи на вкус поради пакувањето, па затоа постојат многу видови на кафе од конзерва, популарно меѓу јапонците.

Секогаш послужено топло: Индиското Каапи кафе

Каапи е индиско филтер-кафе. Подготовката подразбира ситно мелено кафе, метален филтер и топло млеко. Она што го прави специјално е начинот на послужување, а тоа е во метална шолја за кафе без рачка. Така, кафето останува топло, а вие ќе можете да уживате подолго во него, густирајќи ја секоја голтка.

Слаткото кафе од Куба: Кафе Кубано

Кубанците претпочитаат да го пијат своето кафе многу слатко, затоа нивното популарно кафе е полно со шеќер! Во еспресото “Кафе Кубано”, кафето се подготвува директно врз шеќерот, или пак самиот шеќер се комбинира со зрната кафе пред да се меле. Поради ова, пијалокот добива интензивен и сладок вкус. Дополнително, можете да го надополнете со топло млеко, а пијалокот да го претворите во славното кубанско кортидито.

Прочитај

Green Tea

Мачките се дел од многу народни обичаи и верувања со векови. Многумина верувале дека нивното однесување може да ги предвиди идните настани, а еден...

____celebrity

Џеј Ло уште еднаш ги покажа своите беспрекорни модни избори. Откако присуствуваше на „свадбата на годината“ на Тејлор Свифт и Тревис Келс во петокот,...

____celebrity

Канадската поп-ѕвезда Џастин Бибер ќе биде еден од изведувачите на полувремето од финалето на Светското првенство во фудбал, приклучувајќи се кон поставата во која...

Green Tea

Верувале или не, во Јапонија, луѓето се оценуваат и врз основа на нивната крвна група, бидејќи веруваат дека таа го одредува нивниот темперамент и...

Advertisement