Искрено, не знаев со што да почнам…единствено што ми паѓаше на памет е вкусот од сите, веќе неколкупати зготвени КЕТО-ДЕСЕРТИ, па решив да го споделам со вас оној што го подготвив вчера…ЧОКОЛАДНАТА ТОРТА. За жал, од неа не остана ниту една трошка, инаку ќе си м’цкав сега, додека ви го куцам рецептов…обожувам да јадам и да работам…
Состојките што ви се потребни за овој рецепт се следниве:
- Путер, стопен 1 СЛ (супена лажица)
- Кокосово брашно 1 СЛ
- Еритритол 2 СЛ
- Прашок за печиво 1 СЛ
- Какао во прав 1 СЛ
- Јајце, изматено 1
- Ванила екстракт 1 ЧЛ (чајна лажичка)
- Чоколаден чипс 1 СЛ
Подготовката е едноставна и готова за неколку минути, и тоа:
- Земете еден мал сад, погоден за во микробранова, зашто во него ќе треба да го стопите путерот. Доволни се 10 секунди за оваа постапка.
- Во истиот тој сад ќе ги додадете: кокосовото брашно, еритритолот, какаото во прав и изматеното јајце.
- Промешајте сѐ заедно.
- Ставете во малиот сад со веќе подготвената смеса уште еднаш во микробранова, овој пат 60 секунди.
- Важно – доколку го оставите повеќе од предвиденото време, чоколадната торта може да биде сува! Затоа, придружувајте се до рецептот!
- Откако тортата ви е веќе испечена, додадете го чоколадниот чипс озгора.
- Доколку сте љубител на овошје, може да додадете и по некоја малина или боровинка…друго не☺
