Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Вкусно, здраво и балансирсно! Пробајте ја Зелена Грејпфрут салата со Печени Леблебии

Салата која ги отвора сите сетила, а е едноставна за подготовка, содржи 780 калории, а нутритивните факти ср следниве: 76 грама се јаглени хидрати, 28 грама се протеини, а 47 грама масти. 

Одличен предлог за ручек, или пак вечера, затоа што е:

– производите можете да ги најдете во кој било маркет, а сигурни сме дека веќе ги имате и дома

– едноставна за подготовка

– богата со протеини и масти

– погодна за оние кои внимаваат на својата исхрана

– погодна за оние кои вежбаат, или пак тренираат некој спорт

Состојките потребни за оваа салата се:

1. печени леблебии – 60 грама

2. соја сос – 1 супена лажица 

3. масло од сусам – 1 супена лажица

4. кељ – 60 грама

5. црвена зелка – 40 грама

6. црвен грејпфрут – половина

7. авокадо – половина

8. сусам – 1 супена лажица

9. кокосови снегулки – 2 супени лажици

10. брокула – три цветчиња со средна големина

11. коријандер – 2 супени лажици

12. маслиново масло – 1 супена лажица

13. бибер

Подготовката е, исто така, едноставна:

1. Печете ги, претходно поставените леблебии и кокосови снегулки врз хартија за печење во тава, заедно со соја сосот, маслото од сусам и биберот, 20 минути на температура од 180 степени.

2. Ставетето го кељот во голем сад и напрскајте го маслиновото масло. Додадете и малку сол. Убаво промешајте.

3. Додадете ги брокулите, зелката и коријандерот. Повторно промешајте.

4. Додадете ги авокадото и црвениот грејпфрут.

5. На крај, додадете ги крцкавите леблебии и кососови снегулки, како и сусамот.

Уживајте ја салата во друштво на вашите најблиски, или пак со вашата омилена серија на Нетфликс.

Запомнете, јадете вкусно, здраво и балансирано!

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement