Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Камерон Дијаз конечно открива зошто ја напуштила актерската кариера

Камерон Дијаз направи редок исклучок и необично се појави на малите екрани велејќи дека сега чувствува „,мир“ откако се повлече од центарот на вниманието на Холивуд.
Дијаз, која неодамна лансираше свој спектар на органски вина без додатоци, зборуваше искрено за напуштањето на нејзината холивудска кариера, велејќи дека актерите се „инфантилизирани“ и дека сакала да стане независна.

Актерката номинирана за „Златниот Глобус“ направи виртуелно интервју со Гвинет Палтроу во емисијата „In goop Health: The Sessions“ каде и беше поставено прашањето: „Како се чуствуваш кога си оддалечена од филмската кариера од таа големина?“.

“Мир. Добив мир во душата затоа што конечно се грижам засебе”, Дијаз одговори.


„Чудно е да се каже. Знам дека многу луѓе нема да го разберат тоа, но беше толку интензивно и напорно да се работи на високо ниво и да бидеш јавна личност каде треба да го поминеш целото драгоцено време за другите“, додаде Дијаз.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement