Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Петте најекстравагантни хотелски апартмани во Лас Вегас

Што се случува во Лас Вегас? По се судејќи, многу работи!

Доколку сакате вашиот одмор во Лас Вегас да биде навистина впечатлив, односно да ви понуди се- од беспрекорен поглед од ултра големиот апартман, преку најдобрите услуги, базен во собата, па се до батлери кои само го чекаат вашиот повик како би ве задоволиле, имаме пет совршении опции за вас.

Можете да отседнете во еден од овие апартмани и да се чувствувате како член на кралско семејство, додека уживате во сите убавини кои животот може да ви ги понуди. Како што веќе заклучивте од насловот, во нашата галерија можете да ги откриете петте најекстравагантни хотелски апартмани во Лас Вегас, кои сами по себе ќе бидат величенствена авантура.

5. Chelsea penthouse, Cosmopolitan Las Vegas Hotel

Незаборавно искуство на одмор, спарено со ѕидни текстури декорирани со кристали, неочекувана уметничка колекција и богати, рачно ткаени материјали се она што ќе ве опкружува, заедно со величенствениот панорамски поглед, и неверојатната услуга, покрај необиколниот бар, кујна и простор за јадење.

4.  Sky Villa, Aria Sky Villaѕ

Живот на висока нога, во простор кој мери над 300 m2, дефинитивно дава ново значење на уживањето во животот. Кога еднаш ќе зачекорите во овој апартман, веруваме дека никогаш нема да сакате да го напуштите благодарејќи на ексклузивното и неверојатно искуство, кое ќе го окарактеризира раскошниот простор, мермерното џакузи, парен туш со клупа, одвоена дневна соба и 24 часовната услуга на батлерот. Освен тоа во овој апартман, добредојде ќе ви посакаат и шише Veuve Clicquot шампањ и јагоди прелиени со чоколадо.

3. Premier Panoramic Apartment, Four Seasons Hotel

Ако некогаш  сте посакале да бидете разгалени на неколку дена, овој хотел е вистинската опција за вас. Со неверојатниот поглед на стадионот Allegian, булеварот Strip и околните планински венци, апартманот Panoramic е идеален за семејни патувања. Доколку доаѓате со деца, знајте дека тие ќе добијат свој посебен простор и посебен третман, додека вие се опуштате на софата или креветот. Зајдисонцето во кое можете да уживате од прозорецот на вашиот апартман е нешто што засекогаш ќе го паметите.

2. One-eighty Apartment, Red Rock Casino

Сосема уникатен, One 80 апартманот е магија настаната од човекови раце. Апартманот ви ги нуди најдобрите начини на уживање во луксузната страна на Лас Вегас, и услуга на консиержот кој ви е секогаш на располагање. Со неверојатни 750 квадрати простор, овој апартман е круна на хотелот, нудејќи панорамски поглед на градот и канјонот. Во апартманот се наоѓа и огромно џакузи, сосема опремен бар со десет места зза седење и трпезарија со доволно места за дванаесет лица.  

1. Damien Hirst’s Empathy Suite, Palms Casino Resort

Британскиот уметник, Дамиен Хирст, го креираше двокатниот апартман во градот на гревовите, кој е полн со погодности како што се две спални соби, маси за масажа, солена соба за релаксација и џакузи со поглед на булеварот Strip. Две ајкули во контејнери од формалдехид, графики со предимензионирани пилули и подови со дезен на пеперутка допринесуваат за неверојатното искуство во овој апартман, кој инаку мери околу 900 квадрати. Современиот амбиент на овој апартман, неговите уникатни погодности и бројните уметнички дела кои го красат, дефинитивно ќе ви се врежат во сеќавањето засекогаш.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement