Доколку уживањето во пијалоци креирани од премиум луксузни пијалоци звучи како ваша визија за добра забава, ве советуваме да го посетите San Manuel Casino во Калифорнија, кој скоро го претстави својот нов простор за игрите– High Limit Tables i High Limit Slots, со азијски инспириран ресторан, Hong Bao Kitchen…
Покрај новите простори, казиното го претстави и уникатниот пијалок со цена од 10.000 долари, кој моментално е во нашиот центар на внимание. Доколку сакате да го пробате, ќе морате да го посетите делот за играње, High Limit и да нарачате Rare & Fine коктел, кој не е ни налик било што друго кое претходно сте го пробале. Настанал како дело на нивните миксолози, овој коктел ги содржи најретките и најскапи американски виски– A. H. Hirsch шеснаесет години старо виски дестилирано во 1974.godine, како и 1996 Chateau Lafite-Rothschild Boreaux, со шот од ултра реткиот Hardy коњак.

Уникатниот Rare & Fine коктел е сервиран во Lalique кристална чаша, заедно со коктел чепкалка која е направена од 14-каратно злато и доаѓа украсен со светлуцав дијамант. По уживањето во овој пијалок можете да ги задржите чашата и чепкалката како сувенир и спомен. Што велите?
