Германскиот дизајнер, Sebastian Herkner, ја креираше најудобната фотелја за екстериер, која досега сме ја виделе- Mbrace Chair, чија цел е врвен комфор и релаксација…
Со оваа фотелја, дизајнерот има намера да го воведе нордиски инспирираниот дизајн во колекцијата на славниот германски бренд, Dedon. Кога ќе помислите на мебел за екстериер веројатно во прв план ја ставате практичноста, пред комфорот. Токму од таа причина, мебелот за екстериер неретко вклучува столови и маси направени од дрво и челик во органски или јарки нијанси, со малку или без перничиња и текстил. Сепак, Mbrace фотелјата сака да го предизвика вашиот начин на размислување да се усмери кон функционалноста.
Фотелјата е рачно ткаена за 38 работни часа, а содржи 565 метри DEDON влакна. Нивното влакно е внимателно ткаено и поставено на цврста база од тиковина, како би понудило неверојатно искуство на опуштање.
Своето име, оваа фотелја го добила од материјалот и техниката која е користена за неговото ткаење. Покрај тоа во колекцијата има три одвоени опции-лежалка, тросед, стол за лулање, заедно со додатно столче. Целата колекција зрачи со комфор и топлина, со своите широки потпирачи за грб и нежни седишта.




