Дознајте зошто е овој скандинавски третман неверојатно популарен на северниот дел од нашиот континент и во Канада…
Иако Канада можеби не е првото место кое би ви паднало на памет доколку планирате спа одмор, можеби ќе го промените своето мислење кога ќе се запознаете со нордиските спа центри. Остриот контраст помеѓу топлото и ладното, познат како нордиска хидротерапија, претставува со векови стар метод на релакзација, кој потекнува од Северна Европа, а го освојува wellness светот како олуја.
Можеби ќе се запрашате, зошто воопшто во оваа приказна ја спомнуваме Канада? Па, третманот потекнува од скандинавските земји со многу ниски температури, а Канада не само што има слична клима, туку изобилува и со природна рурална убавина.
Strøm Nordic Spa кој се наоѓа во Квебек, може да ви понуди многу, било да зборуваме за естетиката, луксузот и уживањето или за благосостојбата, здравјето и подобрувањето на квалитетот на вашиот живот. Секој спа центар има свои различни установи, но типично патување во Strøm спа центарот може да започне со уживање во сува сауна, пред пливање во базенот во кој водата има температура од 15 °C, а потоа плутање во мрзлива река која има температура од 38°C. За оптимален ефект овој процес би требало да го повторите неколкупати во рок од неколку часа, пред да го завршите првиот дел од приказната со парна купка со есенцијални масла и дремка во висечка лежалка со поглед на делумно замрзнатата, но прекрасна река, Сент Лоренс.
Покрај неверојатната релаксација, ова термално искуство може да ви понуди бројни здравствени бенефиции, при што некои од нив ќе ги почувствувате веднаш, додека пак другите ќе се манифестираат со текот на времето и неколку посети.
Спортистите се големи љубители на хидротерапијата, бидејќи истата им помага побрзо да го опорават своето тело од напорните тренинзи и натпревари. Истовремено, кога вашето тело ќе го искуси шокантното чувство на топло-ладно третманот, вашиот крвен притисок се зголемува, а крвните садови ви се собираат. Оваа стимулација го активира вашиот имун систем, зголемувајќи го произведувањето на леукоцитите, што ви помага да останете здрави.
Високите температури исто така ги отвараат вашите пори, со што на природен начин се елиминираат токсини од вашето тело, додека пак ладната вода ги затвара и ја зацврстува вашата кожа. Покрај одморот и полнењето на батериите во кои можете да уживате со секој спа третман, хидротерапијата е исклучително ефикасен метод за смалување на стресот и напнатоста. Ладната вода ја подобрува циркулацијата и испушта ендорфин, помагајќи ви да се чувствувате живо и будно.
На крај, наједноставно кажано, модерниот живот е полн со различни притисоци. Од друштвени мрежи, па се до неизвесните друштвени и политички пејсажи, луѓето се под стрес поголем отколку било кога досега. Посетата на нордиски спа ќе ви даде совршен изговор да се опуштите и одморите, односно да правите ништо, додека сте опкружени со природата, па макар и на само неколку часа.





