Како вистинска оаза во планинскиот пејсаж, оваа вила е величенствена идеја за животот на висина…
Дигиталните уметници од студиото TABARQ смислиле креативна куќа на планина, а резултатот на нивната работа е навистина неверојатен. Концептуалната DESI House вила е сместена во спокојното опкружување на Австриските Алпи, со пространи прозорци кои им даваат сосема нова димензија на панорамските погледи. Тоа што посебно се издвојува во овој концепт, секако е формата на нејзиниот екстериер, кој делува како некој да обмотал лист бетон околу молив.
Таа се состои од главна висока цилиндрична структура, со понизок елемент кој се обмотува околу неа. Деталните 3D цртежи ни ги прикажуваат сите луксузни елементи на вилата, како што се infinity базенот со џакузи и градината која буквално го оживува нејзиниот кров.
Дури и нејзините прозори не ја добиле својата примарна форма, туку делуваат како некој да го избришал бетонот со потези на четка, со што би ја открил визијата на Алпите. Бетонот е совршено спарен со дрвениот ентериер на вилата, кој секако може да се менува во склад на желбите на сопственикот. Дали би сакале да уживате во неа?





