Скапоцени автомобили сеуште збираат прашина на улиците на Дубаи, а нивниот број се повеќе се зголемува…
Дубаи во последните неколку години стана еден од најбогатите градови и дефинитивно една од најпосетените дестинации. Голем број луксузни автомобили во ваков град не се чудна појава, но напуштени автомобили од неколку милиони долари навистина не може да се видат на некое друго место.
Голем број претприемачи банкротираа поради финансиската криза, па овие автомобили мораа да останат на улица. Бидејќи Обединетите Арапски Емирати немаат точно дефиниран закон за исплата на долговите кога станува збор за овие автомобили, голем број се напуштени и тоа со клучевите во брава. Одличен пример за тоа е Ferrari автомобил кој е пронајден со клучевите на паркинг на аеродром во Дубаи.
Ви ја претставуваме галеријата која ќе ви покаже во каква состојба се овие автомобили и кои марки се во прашање.



















