Сместен во Драма, грчки град познат по својата топографија и неверојатен пејзаж, интересниот ресторан го дизајнираше Kois Associated Architects.
Овој проект е дел од поголем индустриски комплекс, кој се наоѓа во сопственост на меѓународната компанија Raycap. Имотот се реновирал низ годините и се претворил во имагинативен парк, додека зградата на ресторанот е дизајниран на пресекот на три патеки што водат низ него. Овие патеки всушност не биле планирани, туку биле создадени преку дневниот промет на корисниците, кои често се собираат овде. Архитектите ги гледале патеките како дневен и сезонски ритам што ја отцртува територијата, што ги натерало да го создадат овој проект.
Главната аспирација на оваа идеја се засноваше не само на создавање зграда во рамките на пејзажот, туку и создавање на онаа која ќе биде активен дел од неа. Сценографијата што е родена овде, начинот на кој се спојува хоризонтот со нерамна топографија и бројни други детали станаа составен дел на човековата активност на оваа локација. Архитектите сакаа да создадат чувство на заштитен личен простор, истовремено одржувајќи непречен поглед на околината.
Дизајнот беше насочен кон создавање простор за врамување на природната средина. Апстрактната пловечка рамнина и нејзината поврзаност со пејзажот имаат силна резонанца со територијата на која се наоѓа. Рамнината е дизајнирана како сјајна линија која се рамни со хоризонтот, а во исто време се менува интензитет и острина во зависност од временските услови.
Димензиите на зградата се утврдуваат со рефлектирање на релативните пропорции на просторот, а во исто време се создава простор со помали пропорции, со што создава атмосфера на интимност.





