Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Ода на мајката на Земјата – Ново Montblanc издание

Кога станува збор за инструментите за пишување, Montblanc е на ниво што е над сите други…

Меѓу нивните бројни понуди, славниот бренд ја претстави серијата „Meisterstuck Le Petit Prince Special Edition“ од 2018 година, која се заснова на популарниот роман со исто име од страна на францускиот аристократ и писател, Антоан де Сент Егзипери. Овој пат, ви го претставуваме третиот и последниот дел од колекцијата, наречен The Planet.

Следејќи ги референците на книгата, која ни кажува за мал принц кој се грижи за својата планета и неговата сакана роза што расте таму, овој инструмент за пишување е украсен со гравура на принц кој ја обработува својата планета на полиран и рачно изработен врв на златно 14 каратно пенкало. Буренцето и капакот на пенкалото се нудат во варијанта на полирана смола во богата нијанса на бургунд, што дополнително се потенцира со деталите за златото од шампањ.

„Meisterst Dck Le Petit Prince Doué Classique“ доаѓа со позлатен капак украсен со sвезди и името на астероидот што е дом на Малиот принц, додека изданието „Meisterstück Le Petit Prince Solitaire Le Grand Edition“ е изработено од европски рог, со дрвен капак украсен со ѕвезда. Шнолата на секое пенкало содржи златна ѕвезда, додека капакот е украсен со зборовите „On ne voit bien qu’avec le coeur“, што може да се преведе како „Човекот гледа јасно, само кога ќе погледне со срцето“.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement