Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Вила од 67 милиони долари која ќе ги воодушеви љубителите на автомобили

Се подразбира дека вила вредна 62 милиони долари во себе содржи навистина врвни и необични погодности…

Се разбира дека онаа за која пишуваме денес не е исклучок од целата приказна, освен тоа што овој пат не станува збор за infiniti базен или хеликоптер на покривот. Оваа вила доаѓа со сопствен модел на тркачка патека. Вила слична на палатата, со поглед кон Западен Холивуд, има неверојатен детален модел на тркачка патека, наречен Kippway, по неговиот сегашен сопственик кој е познат како љубител на екстремни спортови и секако на трки. Други погодности кои ги има оваа вила се неверојатните хај-тек симулатори на Формула 1 кои ќе ви овозможат да се натпреварувате со најдоброто време кое го постави Луис Хамилтон, како и гаражата со галерија во која има доволно простор за 12 автомобили.

Колку и да ви звучат привлечно овие погодности, особено доколку сте ентузијасти кога станува збор за светот на мотоспортот, многу луѓе нема да прифатат толку висока цена. Сепак, остатокот од вилата дефинитивно ќе даде се од себе за да ги убеди дека навистина е вредна

Актуелниот сопственик на вилата го купи овој имот во 2014 година по цена од 12 милиони долари, со цел да ги помине следните шест години во дизајнирање на дом од соништа, во соработка со архитектонско студио со седиште во Сиетл. Трикатна структура која беше создадена има површина од околу 1.600 квадратни метри, и содржи шест спални соби, а нуди прекрасен поглед кон Тихиот океан и планините Сан Габриел.

Екстериерот се базира на челик, бетон и стакло, а потсетува на Рубикова коцка. Во ентериерот, украсена е со нежни и поприродни материјали, вклучувајќи дрвени подови и тавани. Домот е дизајниран да им даде на сопствениците уникатна флексибилност со просторот, со помош на детали како што се џебна врата и sидови во форма на прозорци кои можат да се користат за да го реконфигурирате распоредот.

Другите удобности на гламурозниот имот вклучуваат тераса на покрив, два посебни базени и дабова шума, сместена во подрумот. Исто така, постои теретана до која може да се влезе преку главната спалната соба, со помош на уникатно дизајниран мост.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement