Како почит кон наследството на познатата куќа за вино, уметност и естетика, ова ново издание доби вистински модерен дизајн…
Со цел да се обележи сето она што го постигнале досега и по што се познати, Moet & Chandon дизајнираа шише со Singular Rose Imperial шампањ со цел да го потенцираат контрастот помеѓу темниот сјај на грозјето Pinot Noir и розе-златните елементи кои ја претставуваат новата етикета. Можеме слободно да кажеме дека новото шише дефинитивно е направено со почит кон гламурот и екстровертниот карактер на пијалокот.
Совршен придружник на вашето кулинарно искуство.
Според шефот на Moet & Chandon брендот, Марк Фадиг, Rose Imperial може совршено да се поврзи со говедско карпачо со маслиново масло и мелен бибер, филети во емулзија од коријандер и јастрог во кари и лимун.
Долга традиција до совршен успех.
Приказната за Rose Imperial шампањот започната е уште во далечната 1801 година, поточно кога Наполеон Бонапарта и неговата мајка нарачале шише розе од Жан-Реми Мое, внука на основачот на познатата куќа за вино. Истото тоа знаење е користено и за производство на познатите шишиња розе шампањ кои датираат од 1878 година, а воедно претставуваат силен симбол на Moet & Chandon наследството.





