Гигантски ТВ и понатаму ја нуди познатата елеганција и естетика на познатиот дански бренд…
Bang & Olufsen брендот изгради своја репутација со мешавина на елегантен стил и квалитет. Сепак, данската компанија овој пат тоа го пренесува на сосема ново ниво, лансирајќи нов телевизор, кој воедно ја понесе титулата за првиот светски 8K OLED дисплеј.
Брендот најави дека ќе го додаде 88 инчниот OLED ТВ во својата елегантна Beovision Harmony линија, па ќе понуди модели од 66 и 77 инчи. Гигантскиот дисплеј на овој телевизор е дело на LG Electronics компанијата и воедно е најголемиот што е произведен досега.
Дколку ви е тешко да сфатите колку всушност изнесува 88 инчи, размислете вака: најновиот B&O телевизор се протега на речиси два метри. Сепак, масивниот дисплеј не го уништува квалитетот на сликата ниту нејзината јасност. Неговиот 8К OLED панел ветува производство на слика која е четири пати појасна од моменталните, стандардни 4К модели, односно шеснаесет пати појасна од HDTV. Новиот Beovision Harmony е паметен телевизор кој ќе ги прилагоди своите поставки, со цел максимално да ги унапреди вашето искуство во гледање, без разлика дали станува збор за спортски настан или филм.

Audiofili се исто така дел од ова целина, бидејќи ТВ доаѓа со звучен систем со три канали и вграден sub-wooferom. И додека сето ова е сосема доволно за голем број на гледачи, они сакаат да создадат можност за домашно кино со моќност од осум звучника.
Сепак, додека Beovision Harmony е вистинско право технолошко ремек дело во вистински Bang & Olufsen стил, тој доби и фантастичен дизајн. Инспириран од некогашните плакари со ТВ опрема, овој телевизор може да се прилагоди со еден од четирите понудени фасади – природен храст, ткаенина, димен храст и костен.
Телевизорот кој е технички толку напреден секако доаѓа со своја цена. 88 инчниот Beovision Harmony ќе ве чини 49.000 долари, а може да се нарача преку официјалниот сајт на брендот во текот на идниот месец. Помалите модели доаѓаат секако и со помала цена, па дури 66 инчниот телевизор може да биде ваш за 15.700 долари, а 77 инчниот за 19.800 долари. Сепак, тие немаат 8К панели.
