Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Фантастичната јахта – Oceanco концепт

Новата Oceanco јахта, Esquel концепт е бестрашен модел дизајниран да ги истражува најоддалечените океани во светот….

Новата Oceanco јахта, Esquel концепт екстремна експедиција има моќен лак за разбивање на мраз и неверојатно ниво на комфор во својот ентериер што воедно и го очекуваме кога станува збор за брендот Oceanco.

Esquel го претставува зедничникот напор на компаниите Oceanco, Timur Bozca Design, Lateral Naval Architects and Engineering, и Pelorus – искусни компании во делот на патувањето и јахтите, како и стилистката Џина Бренан.  “Нашата визија е да создадеме решение земајќи ги во предвид човековиот фактор, технологијата и естетиката. Се дизајнираме со причина – а не само поради дизајн“, изјавија од Timur Bozca Design.

Како таков, Esquel ќе биде автентичен истражувачки брод, со гаража од 2.500 метри квадратни за брзите RIBS, играчка за спортови на вода и за нуркање. На јахтата исто така се наоѓа и палуба од 2.000 метри квадратни со стаклена надоградба која содржи затворен базен и спа центар. Отворената палуба може да пренесува теренски возила, мотори, хеликоптер и се разбира две подморници. Од Oceanco исто така изјавуваат дека може просторот да го претворат во бродска лабораторија, со можност да асе користи за лечење на океански корали.

„Како би биле во можност да го искористиме неговиот експедициски потенција, Esquel е создаден да обезбеди максимални залихи, а притоа да има минимални потребни за одржување“, изјави Џејмс Рои, директор на компанијата Lateral.

Џина Бренан креираше стилизиран ентериер, со модерен декор кој исто така вклучува мешавина на антиквитет и артефакти.

Oceanco концептот го движи компактен дизел-електричен погон. Јахтата ќе има домет од 7.000 наутички милји, со максимална брзина од 16.5 чвора.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement