Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Преубавиот Vacheron Constantin часовник за дами

Овој часовник претставува дебитант во областа на накитот во новата колекција наменета за дами…

Откако беше претставена Egerie женската колекција, Vacheron Constatin брендот е верзија на накит со целосна приказна, декориран со 1.344 дијаманти, тешки вкупно 11.95 карати. Куќиштето е украсено со 246 дијаманти, додека 588 драги камења го красат ременот и дополнително 510 кои го акцентираат бројчаникот, вклучувајќи и прстен околу индикаторот за фазите на месеците. Еден дијамант ја краси короната, која е претставена надвор од центарот, на позиција помеѓу 1 и 2 часот.

Подбројчаникот претставува оживување на дизајнерскиот код кој се користи за креирање на моделот во текот на деветнаесетиот век, а сега не толку ретко може да се види кај Historique колекцијата. Стрелките се креирани да потсетуваат на игли за шиење, кои асоцираат на оние што се користат за рачна изработка на фустани во високата мода, со вез и чипка. Калиграфските броеви би треба да не потсетуваат на чипка.

Новата Egerie колекција е една од неколкуте самостални линии наменети за жени. Претходната колекција вклучуваше 1972, Heures Creatives модели и претходната Egerie колекција од почетокот на 2000-та година, која не е ниту приближно слична на моменталната линија. Називот на колекцијата, Egerie, претставува метафора за женска муза, и потсетува на наслов од книгата – Egeries- dans l’ombre des creatures.

Куќиштето од 18-каратно бело злато кај новиот Egerie Moon Phase Jewelry модели има 37мм, додека во себе крие самонавивачки механизам, caliber 1088 L moon phase, користен екслузивно во ова колекција. Тој поседува торот од 22 каратно злато, со резервна енергија во траење од 40 часа. Цената на овој модел е 164.000 долари.

Инаку, Vacheron Constantin брендот не е нов во светот на изработка на часовник-накит. Почетокот на 18 век, славната компанија креираше џебни часовници за жени, на долги chatelaine ланчиња. Почетокот на 20 век, креираа вакви часовници во Art Nouveau и Art Deco стилови, кои се декорирани со дијаманти, сафири и други драги камења. Kallista серија на дијамантски часовници, беше акцентирана кон крајот на седумдесетите и почеток на осумдесетите години, додекаа новите Heures Creatives модели ги прославуваат сите ери на ретроспективни креации.

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement