Следејќи го лансирањето на “UNNAMED” парфемот, Byredo брендот сега го откри својот новитет, Lil Fleur…
Овој парфем е исполнет со ноти на рибизла, мандарини и ружи, додека нишка на шафран додава топли и смирувачки тонови. Парфемот ја компетира базата, која се состои од ќилибар и ванила.
Заедно со ова лансирање, брендот исто така ја открива и својата нова кампања, во која можеме да видиме „ликови од реалниот живот, кои се олицетворение на духот на брендот“, како што се наведува во официјалното соопштение.
На крај, можеме да додадеме дека фотограф за кампањата беше Крег Мекдин, додека парфемот ќе биде достапен од 4 јуни.




