Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Нова можност да уживате во најскапото кафе на светот – Kopi Luwak

Љубителите на кафе и неговите познавачи, би дале многу само да добијат можност да пробаат шоља од автентичното Kopi Luwak кафе…

Ова скапоцено кафе го доби својот назив од индонезиското животно кое конзумира совршено зрели бобици, како би ни дало кафе со предобар квалитет. Ова премиум кафе, кое воедно се смета за најскапото во светот, се продава по цена од речиси 600 долари за половина килограм. Сепак, во последните неколку години, популарноста на ова кафе почна да опаѓа поради условите за негово производство. Всушност, животното е клучно во неговото производство и често се заклучени во кафези во неповолни услови, со што се поставуваат бројни прашања околу темата за злоупотребна на животни и правото на финалниот производ кој доаѓа до конзуматорите.

Сепак, како би се погрижиле Kopi Luwak кафето да дојде до неговите фанови, без никаква злоупотреба при процесот на производство, Difference Coffee stupa се појавува на сцена. Ова компанија произведува најквалитетно кафе и се добива Kopi Luwak верзијата од Gayo Estate имотот, кое е единствениот сертифициран во Индонезија. За разлика од другите производни погони, на овој имот, животните уживаат во природното опкружување и сами ги избираат најзрелите бобици за конзумација.

Откако зрната кафе ќе се изедат и исфрлат, поминува низ серија на сериозно и темено миење, при што се почитуваат строги параметри околу сортирањето по квалитет, кои се воспоставени од страна на Specialty Coffee Association. Резултат е кафе со богат вкус кој е нежен за вашите непца, за производство на чоколадо и карамела. Всушност, ова кафе може да се нарача преку интернет во индивидуалните Nespresso капсули, со цена од 6 долари по капсула. Дали сте за кафе?

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement