Доколку сакате софистицирани работи кои ќе ве воодушеват со квалитет, сигурни сме дека ќе бидете воодушевени од Omega колекцијата на наочари…
Ова колекција нуди модели за мажи и жени, а нејзиниот стил е повеќе од софистициран. Колекцијата настана во Италија во соработка со Marcolin Eyewear. Во својата линија има единаесет модели кои вклучуваат верзии – авијатичар и пилот, како и модели со сини – правоаголни облици. Најинтересен би бил сигурно моделот кој доби метални уметоци кои не асоцираат на Seamaster Planet Ocean часовниците, додека моделот инспириран од часовникот Speedmaster Apollo 10 50. Anniversary исто така добива бонус поени за својот фантастичен изглед и фактот дека доаѓа во прекрасниот тон Moonshine Gold.
“Брендот Omega отсекогаш беше синоним за мода и префинетост. Нашиот нов асортиман на наочари исто така го пратат тој дух на модерно, креативно и со стил. Дизајните ги имаат познатите карактеристики на нашите исконски часовници, а јас сум многу горд на ова колекција“, изјави Рејналд Ехлиман, претседател и извршен директор.
На крај, останува само да споменеме дека наочарите од ова колекција чинат од 495 до 1.045 долари и во моментот може да се купат на официјалната страна на брендот.






