Секој од нас на дневна основа сонува за преубав одмор, кој во себе ќе ги спои историјата, модерен комфор и идиличниот поглед…
Сместен во градот Мартано, во Италија, Relais Masseria Capasa хотелот доаѓа со неверојатна доза на неопислива маѓија која не привлекува како магнет. Од историски аспект, имотот потекнува од 1746 година. Во текот на годините, ова здание има поминато низ неколку процеси на реновирање, а домаќин бил италијански благородник, пред да биде трансформирам во величенствен хотел од страна на Паоло Франкс во 2013 година. Сместен во опуштено, рустично опкружување низ кое времето практично не тече, ова идилично италијанско одморалиште е совршено место за вистински одмор окарактеризиран со луксуз.
Секоја соба од овој хотел и сите негови екслузивни апартмани го нудат најдоброто кога станува збор за совршена понуда и луксуз. Со контрастна мешавина од рустика и модерни детали, секоја соба има Wi-Fi конекција, клима уред и раскошна декорација која ќе ви дозволи да помислите дека сте благородник. Апартманите доаѓаат со персонализирани услуги, паметен трепезариски простор, гурманска кујна и купатило во спа стил кој сигурно ќе ве подмлади.
Јаките акцентирани бои додаваат живот во амбиентот на секоја соба, додека величенствениот двор и панорамскиот поглед ве привлекуваат да излезете надвор.


















