Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Интересна соработка: Dom Perignon X Лени Кравиц

Именуван за креативен директор на Dom Perignon брендот во 2018 година, Лени Кравиц ги истражи своите карактеристики при соработката со ова куќа за шампањ…

Поточно, тој се посвети на улогата – дизајнер. Инспириран од единствената атмосфера која вклучува дегустација на шампањ, Кравиц одлучи да го интерпретира ова уникатно искуство, креирајќи колекција од три дизајнерски изданија. Тој го издигна исконското Dom Perignon шише преку својата соработка, креирајќи ограничена едиција од рачно изработени детали. Шишиња со ограничено издание се достапни за  Vintage 2008 и Rose Vintage 2006.

Неговата инспирација потекнува од историјата на познатата куќа за шампањ, а не застана само на редизајн на шишето. Лени Кравиц продолжи понатаму, сакајќи да создаде елемент за Magnum шишето кое ќе ја подобри фунционалноста на колекцијата во целина. Кравиц ја осмисли кутијата која се трансформира во свеќарник, обложен со сомот и појачан со вештачка змијска кожа, притоа креирајќи идилична трансформациска хармонија помеѓу мажевноста и женственоста.

Ремек дело на колекцијата секако е основата. Црно лакиран дел од намештај со детали од брусен месинг се открива како би се видело шишето за шампањ, чашите и кибла за мраз. Лени Кравиц додаде ново поглавие во својата визија и приказна за уметноста, каде секој елемент добива свое посебно значење. Дизајнот за него е извор на емоција, продолжувајќи ја приказната која е испишана со секоја дегустација.

„Сакав да создадам нешто што ќе го подигне ритуалот од секое испиено Dom Perignon шише и да обезбедам можност сите да се соберат и заедно да уживаат“, изјави Лени Кравиц.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement