Склуптура на летечки змеј долг 60 метри, создаден со 2.5 милиони Swarovski кристали е дело на компанијата Lasvit, може да се прогласи за нешто најубаво до сега…
Барем така претпоставуваме, бидејќи нешто што изгледа вака впечатливо гледајќи го на екран, во живо ефектот би се постигнал дефинитивно. Чешката компанија Lasvit, специјализирана за креирање иновативни елементи за осветлување, но тие сепак се надминаа самите себе креирајќи два масивни лустери во форма на змеј, за Imperial Palace казиното во Сајпан. Според информациите, ова уметничко дело е тешко четириесет тона, а декориран е со 2.5 милиони Swarovski кристали, кои ја покриваат секоја дел од овој шеесет метарски долг лустер.
Можете ли да го замислете како изгледа кога секој кристал е осветлен и ја промени својата боја? На овој начин, змејот станува некаков вид на кристализиран камелеон, кој на момент ја менува бојата од зелена во црвена. Ова структура на два змаја кои се борат поради огнениот бисер е направен од нерѓосувачки челик, злато и кристал, а оние кои отсекогаш се интересирале за кинеската митологија, веднаш ќе ги препознаат сите традиционални симболи. Змеј со пет прсти има специјално значење – го претставува императорот, па е побитен од змеј со три или четири канџи.
На овој проект, Lasvit работеше подолго од три години, а неколку стотици вработени работеа за да се заврши.






