Додека низ цел свет се уште се на сила рестрикциите околу прашањето за патување, Globe Trotter брендот одлучи да ја лансира својата нова линија на No Time Tо Die колекција на куфери…
Иако датумот на лансирање, а и самиот назив на колекцијата доаѓа во многу неповолно време, таа е секако елегантна, складна и инспирирана од новиот Бонд филм, чија светска премиера е преместена за ноември оваа година. Доколку сакате да патувате околу светот со стил, исто како и познатиот агент 007, новата Globe Trotter колекција можеби е вистинската работа за вас.
Колекцијата е инспирирана од моделите кои ќе бидат преставени во филмот, при што асортиманот содржи carry-on и check-in куфери со тркалца, кои се финиширани со величенствени црни кожени делови.
Најголемиот куфер ќе ве чини околу 2.220 фунти и тој дефинитино е најдобра опција за долги патувања. Доволно просторен за вашата гардероба, резервни кондури и бројни додатоци, овој преубав куфер ви доаѓа со продолжена рачка, два внатрешни мрежести ремени и централно заклучување.
Потоа моделот кој чини 1.905 фунти е најпопуларен во овој бренд, а совршен за викенд или бизнис патувања. Освен димензијата, секој детал е ист како и неговиот “поголем брат“.






