Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Спектакуларен одмор на Тајланд

Некои од најубавите тропски дестинации се наоѓаат на обалата на маѓичното Андаманско море, а југоисточна Азија со брзина на светлината ги освојува срцата на светските патници, ветувајќи убаво време, величенствени плажи, фантастична кујна и целосна приватност…

Модерниот и шик Casa De La Flora хотел се наоѓа во Као Лаку на Тајланд, и преставува еден од беспрекорните луксузни хотели кои ќе ви ветат дел од рајот на земјата и се останато што е потребно за еден незаборавен годишен одмор.

Интересен факт и фасцинантен аспект на ова одморалиште со 36 вили е неговата чиста и добро дефинирана линија, со постмодерни апартмани кои ги карактеризира геометријска убавина. Тешко е да се креира ентериер кој одговвара на убавиот океан, опуштената плажа и спокојниот залез на сонцето и величенствените моменти, но ова одморалиште дефинитивно го има постигнато тоа.

Комбинација на приватност и врвна услуга, заедно со супериорните забавни и технички погодности, овој хотел станува совршена дестинација. Од Studio Pool вили, до Casa Pool апартмани и Royal Casa Presidential апартман, секој дел од хотелот ви дава можност да уживате во единствениот раскош благодарение на помпезниот ентериер, величенствениот поглед кон океанот и базените.

Хотелот исто така ви нуди и широка палета на активности на оторено, кои ќе ви дадат можност најдобро да го искористите слободното време. Исто така, во понудата стои и фантастичниот спа центар, заедно со одличниот ресторан и шампањ бар.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement