Le Lion De Chanel е новиот парфем од славниот бренд кој припаѓа на луксузната линија Les Exclusifs de Chanel, a официјално ќе биде лансиран почетокот на идната година..
Габриел Шанел родена во зодијачкиот знак Лав, го презеде неговиот симболизам и беше инспирирана од храброста, грациознота и моќта кои ова животно го претставувват. Таа беше колекционер на лавовски фигури и често ги користеше во своите креации, украсувајќи ги копчињата и парчињата од накит.
Le Lion De Chanel е парфемот е опишан како мирис кој ги карактеризира моќта и шармот, луксузот и елеганцијата.
Композицијата отвора свежа комбинација од цитрон-бергамо и лимон, додека после тоа се развива во топли и ориентални тонови. Смола од лабданум, со своите нијанси се развива во срцето на парфемот, а пропратен е со ноти од ванила од Мадагаскар, сандаловина и мошус.
Оливије Полже не ја посвети ова креација само на животните, туку на визијата која Chanel брендот ја доби од нив. “Далеку повеќе сум заинтересиран за амблемот – лавот на Chanel , отколку за самото животно“, изјави тој.
Le Lion De Chanel е парфемот ќе биде достапен во варијантите од 75 и 200 мл.
