Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Tag Heuer Carrera Calibre 5 со бројчаник од кафе

Поврзувајќи се повторно за својата втора соработка, Bamford Watch Department и Badgerworks, повторно одбраа TAG Heuer Carrera модел како свое платно…

Овој пат, се оддалечија од претходните пати, преку употребата на Fordit како би го искористиле неочекуваниот материјал за создавање на бројчаник: мелено кафе. Органскиот материјал добиено од гетебуршкиот реномиран кафе бар Café Da Matteo, во Шведска, а потоа го користеа за производство на празни бројчаници кои рачно се финишираа над самата конструкција. Часовникот сам по себе доби форма Tag Heuer Carrera Calibre 5 носејќи во себе Sellita базиран автоматски механизам во куќиштето од нерѓосувачки челик со пречник од 41 мм, кој доби нежно светло плава облога од титаниум.

“Неверојатно е да се работи со Џејмс Томпсон од Black Badger брендот. Отсекогаш сум сакал да создадам преубав тропски бројчаник, но на модерен начин и сметам дека овој модел креиран од рециклирано кафе има автентични вибрации. Совршено се вклопува со Carrera часовникот“, изјави Џорџ Бамфорд основач на BWD.

Џејк Томпсон потоа додаде:“За мене, ова е природен прогрес на BWD Badgerworks проектот. На ист начин на кој сакавме претходно да го користиме Fordit материјалот, овој пат истраживме нешто што е генерално над реалните традиционални часовници. Неколку материјали се познати по својот изглед како кафето. На неговата основа се гради економијата, поради него се водат војни и секогаш е присутен во историјата. Повеќе од 2 милијарди шолји кафе секојдневно се пијат на нашата планета“.

Специјалното издание BWD x Badgerworks TAG Heuer Carrera Calibre 5 sa Tropical Coffee Dial бројчаник може да се купи преку Bamford Watch Department онлајн продавницата, а достапни се дваесет примероци, по цена од 6.737 долари

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement