Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Посетете го Шенжен и единствениот St. Regis хотел

Кинескиот град Шенжен не е на листата на омилени светски дестинации, иако може да понуди многу…

Тој поседува возбудлива културна сцена и бизнис делови, а се наоѓа во регион преку кој непрестано поминуваат посетители од целиот свет. Во самото срце на овој интересен град се наоѓа St. Regis Shenzehn хотелот, кој нуди сместување и услуги на светско ниво, наменети за оние кои сакаат да се опуштат и да уживаат додека го откриваат новиот дел од светот. Носејќи го само најдоброто што St. Regis брендот го нуди ширум светот, овој хотел маѓепсува со својот величенствен ентериер кој е навистина екстравангарден, како и врвната услуга која ја следи целата ова приказна.

Првиот детал кој ќе ви привлече внимание кога ќе дојдете во овој хотел е рецепцијата и просторот околу кој е сместен на деведесет и шестиот кат, откаде ќе можете да уживате во панорамскиот поглед кон целиот град. Сместен над финансискиот центар во градот, овој хотел има величенствено место за одмор и уживање, како за бизнис патниците така и за туристите.

Со пет ресторани и бар, овде можете да уживате во бројните вкусови од целиот свет. Светкавите површини, преубавите лустери и интензивните виолетови и златни нијанси, константно ќе ве потсетуваат каде се наоѓате.

Собите добија совршенство со помош на модерните елементи на намештај, врвните додатоци и неутралните тонови. Опуштајќи се во спа центарот, затворениот базен, елегантната конференциска сала и модерниот фитнес центар, ќе го направат вашиот престој на ова локација уште попријатен.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement