После Nina Rouge верзијата од 2019 година, Nina Ricci брендот го лансираше Nina Rose парфемот, кој е совршена понуда за ова лето…
Ова издание припаѓа на Les Belles de Nina линијата и претставува верзија на оригиналот од 2006 година, со шише во форма на јаболко, кое воедно претставува совршена интерпретација на Fille d’Eve шишето кое Lalique куќата за кристали го дизајнираше во 1952 година.
Nina Rose парфемот се состои од “оптимизам“. Предводен од новиот уметнички директор на брендот Boter Lisom Herebra, новото издание раскажува приказна за “cool couture” концепт. Розево, но не толку розево, овој мирис доби неверојатна нијанса која порано можевме да ја видиме на модната писта Maison Nina Ricci SS20.
После компнирањето на Nina & Nina Rouge, главниот парфимер, Оливије Кресп дизајнираше и нова тоалетна вода. Nina Rouge претставува свежа, гурманска арома со примеси на овошје и цвеќе. Одважниот бергам и лимон уживаат во друштво на круша и неговиот сок, креирајќи свежа хармонија. Базата на новиот парфем содржи мошус и Virginia кедер.
Во кампањата на навиот парфем, холандскиот модел Естел Боерсма ја доби главната улога.





