Доколку некого можеме да го наречеме претставник на италијанскиот вкус и стил, тоа мора да биде Dolce & Gabbana и ексклузивниот продавач на вино Donnafugata…
Поврзани со своето заедничко потекло и љубов кон совршенство, двата славни бренда се одлучија да се здружат креирајќи ново шише за Rose вино. Екслузивното вино има свежа сицилијанска нота и претставува идеална опција за сите кои уживаат во италијанските пијалоци.
Како што и доликува, наречено Rose, новото вино е од берба 2019, а се карактеризира со оригинална мешавина на две најпопуларни вина во овој регион: Nerello Mascalese & Nocera. Виното има суптилно нежна розева боја, а се карактеризириа со ноти на јасмин и наговестува вкус на дива јагода, праска и бергамот.
Цветниот напиток комбинира минерална нота од специфичниот Nerello Mascalese со овошни компоненти од Nocera виното. Виното е флаширано во вистински италијански стил, кој претставува отелотворение од атмосферата, традицијата и културата на островот на многу модерен начин.
Rosa by Dolce & Gabbana and Donnafugata ќе може да се купи од јуни ова година.
