Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Omega освежува еден од своите најпопуларни модели

Како што ќе кажат луѓето – не треба да се поправа тоа што е расипано…

Сепак, станува збор за Omega брендот, кој всушност веќе го прават тоа, со цел да креира нешто што е за нијанса подобро. Овој пат, се работи за новиот Seamaster Planet Ocean 600M, лансиран во 2005 година и освежен во 2020 година, елегантниот нуркачки часовник доаѓа во две верзии – хронографски и хронометарски. Двете верзии добија портокалова керамичка база која е фиксирана за куќиштето креирано од нерѓосувачки челик. Керамичките бројчаници креирани се од титаниум, како омаж историја во сферата на нуркачките часовници од овој бренд, а станаа уште почитливи благодарение на тоа што стрелките се обложени со родиум и мал прозор за прикажување на датумот.

Опремен со механизам на самонавивање, двете изданија добија кристално куќиште со цел полесно да се види “срцето“ на часовникот. Часовникот е отпорен на длабочина до 600 емтри, а доби и кристална купола отпорна на гребнатини, антимагнетни карактеристики и шеесет часови резервна енергија. Хронометарскиот пречник од 43.5 мм доби и интегриран челичен ремен, додека хронографскиот пречник 45.5 мм е понуден со НАТО ремен.

Она што дополнително може да се додаде е дека, двете Omega Seamaster Planet Ocean 600M изданија се достапни преку официјалниот сајт на брендот, од кои хронографот чини 8.000 долари, а хронометарот 6.500 долари.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement