Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Погледнете го пентхаусот на Мерил Стрип

Доколку некогаш сте се прашувале што прави актерката, Мерил Стрип, кога не собира Оскари, па до скоро таа се опушташе во својот пентхаус во Трибека. Сепка, таа сега повторно го стави на продажба, со намалена цена од 18.25 милиони долари. Нејзиниот стан претходно на пазарот за недвижности имаше цена од 24.6 милиони долари, а во август минатата година, актерката ја намали бараната цена на 19.75 милиони. Подоцна, пентхаусот е повлечен од пазарот, за сега повторно да биде вратен назад.

Нејзиниот пентхаус зафаќа цел кат од River Lofts зградата, која во 2004 година ја изградија Tsao & McKown. Површина има од 400 метри квадратни и нуди неверојатен поглед кон Светскиот тровски центар од едната страна и Крајслер и Емпаер зградите од другата. Прозорите се од под до плафор, а стаклени врати се користени при неговото градење со цел погледот да не биде нарушен.

Стрип и нејзиниот сопруг, вајарот Дон Гумер, го купија овој четворособерн пентхаус во 2006 година по цена од 10.13 милиони долари. Една од најатрактивнисте карактеристики на овој стан е фактот дека градбата во која се наоѓа е отпорна на папарацо фотографите: станарите можат со приватен лифт да се спуштат до подземната гаража без притоа да бидат вознемирувани. Ова карактеристика го привлече вниманието и на други славни личности, како Гвинет Палтроу која исто така овде живееше.

Кога зборуваме конкретно за станот, неговата најдобра особина е преубаво средената тераса. Балконот широк три метра ќе ви даде можност да уживате во погледот на градот, но и да имате своја мала зелена оаза во срцето на бетонската џунгла.

Во ентериерот, отворениот простор е главна карактеристика и акцент е ставено на подот кој е од бразилски костен и камен.

Прочитај

____celebrity

Познатата пејачка Ријана откри нова тетоважа која ја „дизајнирале“ нејзините деца. Тетоважата се наоѓа на нејзината нога, веднаш зад коленото, и се состои од...

Green Tea

Општото верување е дека можете да кажете кога сте во добра врска бидејќи речиси никогаш не го споменувате тоа. И веројатно има вистина во...

Green Tea

Ако имате висок крвен притисок, еве што треба да знаете за витаминот Д. Додатоците на витамин Д може да помогнат во намалувањето на крвниот...

____celebrity

Откриена е тајната на култната фотографија на Мерилин Монро. Легендарната сцена од филмот „Седум години верност“, во која ветерот од метрото во Њујорк го...

Advertisement