Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Montblanc лансира часовник со 24-часовна скала

Заедно со сите свои преубави новитети, Montblanc брендот лансираа и една старомоден примерок кој е дел од нивната 1858 колекција…

Новитетот доби дизајнерски елемент кој нас не асоцира на оригиналните Minerva часовници од 1920-тите и 1930-тите години од минатиот век. Називот 1858 Automatic 24H, новиот модел доби главен акцент во форма на бројчаник со една стрелка која го покажува времето. Како што и неговото име сугерира, часовникот го претставува времето на дваесет и и четири часовна скала и доби само една црвено обоена стрелка обложена со SuperLuminov слој. Во случај доколку бројчаникот ве асоцира на компас со една стрелка, треба да знаете дека тоа не е никаква случајност, бидејќи тој ги исполнува и двете функции.

Часовникот кој е инспириран од авантури и спорт, доби куќиште од брусен челик кој има пречник од 42 мм. Основата и круната на овој модел се креирани од бронзена легура, што оддава многу интересен изглед. Црниот бројчаник на себе носи мапа на северната хемисфера заедно со 24 меридијански линии. Со само една стрелка, овој часовник нема да ви го покаже најточно времето, што секако е нешто кое не им е најважно на авантуристите.

Работи на МВ 24.20 калибер кој нуди и резервна енергија во траење од 42 часа. 1858 Automatic 24H е достапен во со три ремени – челичен, кожен во боја на коњак и црна НАТО. На крајот, можеме уште да додадеме дека ќе биде достапен најдоцна до крајот на годината, со цена од 3.030 долари.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement