Секој пијалок од асортиманот на овој бренд созрева минимум дваесет и една година и подолго, а најновата понуда која само што ја претставија, е дупло постара од тоа. Ограничена на само 106 шишиња, ова серија на виски ќе ве чини неверојатни 30.000 долари по шише.
Креиран од страна на мајсторот, Сенди Хислио, Time Series 52 Year Old Single Cask Finish виски е направен како комбинација на најстарото и највредно виски – оние кои се постари минимум триесет и осум години – во буре од американски храст.
“Што подолго вискито созрева, тоа поквалитетно станува. Со 52 години созревање, балансот на некои од најретките виски од нашата понуда креираше неприкосновен длабок вкус и неверојатни комплекси карактеристики, создавајќи маркантна експресија која совршено маѓепсува, затоа што времето е клучен елемент на нашите креации“, изјави Хислоп.

Благодарение на маратонскиот процес на созревање, виските доби интензивна овошна арома, која не асоцира на зрели сливи и црвено јаболко. Кога ќе земете една голтка, чувстувате сируп од крушка, ѓумбир, мармалад од слатки портокали, а сето тоа на величенствен начин е избалансирано со кремаст завршеток.
Ова верзија е прва во Royal Salute Time Series колекција, а се наоѓа во декантер креиран од рачно изработениот Дартингтон кристал. Декантерот е претставен во специјална Time Series кутија, креирана од пет слоеви на дрво, па секој од слоевите претставува една декада од животот на ова мешавина.
