Дали сонувате за патување до некоја дестинација која би можеле да ја наречете ваш рај на Земјата?
Југоисточна Азија содржи бројни такви локации, кои во себе комбинираата сонце, песок и мирни морски бранови, нудејќи фантастична гастрономија и совршен раскош. Сместен на Курамати островот на Малдиви, спектакуларното Kuramati Resort одморалиште е тропски рај кој ви ветува скриени плажи, луксузен начин на живот и мирен одмор откако ќе се почувствувате подмладени и освежени. Од една страна Индиски океан, а од друга страна Арапско море, ова магично островско одморалиште ќе ве одведе во сликовит свет исполнет со бели песочни плажи и тиркизно плава вода.
Вили со градини кои ве поврзуваат со природата и оние на плажа кои ви даваат можност да поминете незаборавни денови над мирните води на Индискиот океан, ќе ви посакаат добредојде. Од декадентни Super Beach Villa, па се до сензационалните Honeymoon Villa, величественото одморалиште во својата понуда има разновидни типови на соби за гостите. Сензационалниот спа е опкружен со природни шуми и океан, кои ќе ве исполнат со енергија и чувство на спокој.
Спортовите на вода и активностите на отворено, зедно со нуркање, ќе ви го исполнат секојдневниот распоред со низа на авантури, додека преубавата кујна и вечерите на плажа ќе ви овозможат невидена романтика. Шетањето во природа, еко центарот и клубот за деца, ќе ви дадат можност Малдиви да го откриете на најдобар начин.




























