Како што добро знаете, сите хотели со Mandarin Oriental карактеристики, на своите гости им нудат неверојатни и неповторливи искуства…
Меѓу нив е секако Mandarin Oriental, Marrakech, сместен во Мароко, кој своите посетители ќе ги воодушеви со Spa Retreat пакет. Во совршено мирна атмосфера, гостите ќе се опуштат и одморат, со специјални велнес програми кои вклучуваат лични тренинзи, заеднички јога сесии, марокански третман на лице и тело, како и персонализирани масажи, кои се направени да се опуштат и регенерираат нашиот ум, тело и дух.
Спа центарот на овој хотел има површина од околу 1.800 метри квадратни, поделен во шест различни апартмани за третмани, од кои три имаат сопствени тераси и градини. Mandarin Oriental, Marrakech им нуди на своите гости спокој, мароканска гостопримливост и најдобри лукзусни Mandarin Oriental услуги.
Со дваесет хектари бујна градина, луксузните вили од ова одмаралиште, заедно со апартманите, даваат можност да уживаме во мирните базени, а воедно да имаме приватност. Гостите кои сакаат целосно да уживаат во спа искуството, имаат можност за infinity pool апартмани.












