Еве една интересна соработка: Маисон Шопард се здружи со франжизата Џејмс Бонд, со цел да креира уникатна колеција на накит за жени, наречене Happy Hearts – Golden Hearts…
Инспирирани од клучните вредности на брендот, дарежливост и емпатија, ова колекција преставува визија за девојките на Бонд во мислите на Керол Шојфел, која е одлучна и храбра. Керол е потпретседател на Шопард брендот и уметнички директор, додека Happy Hearts колекцијата претставена во 2018 година, е совршена комбинација на познатиот талисман на овој бренд и нивните препознатливи дијаманти. Линијата накит навистина е посебна и нејзина цел е да ги обедини сите жени во светот кои имаат големо срце.
Денес ова куќа за накит својот асортиман го пренесува на ново ниво, користејќи розе злато во колекцијата, кое што всушност е многу често присутно во филмовите за познатиот агент 007.
Chopard x 007 Happy Hearts – Golden Hearts колекцијата содржи неколку нараквици, обетки, огрлици и долги огрлици. Дизајнот на величествените парчиња се комбинација од големо златно срце со помали дијаманти.
На крајот, можеме да кажеме дека ова линија ќе биде лансирана како ограничена едиција, во само 7007 парчиња.






